(02) 3113 292 | hrompest@t.mk

За Хромос Пестициди

Светската популација постојано се зголемува, а со неа и побарувачката на храна за луѓето и добитокот. Продуктивноста на обработливото земјиште кое моментално е во употреба, обично доцни зад бараните количини на храна. За да се спречи преобразбата на природните ресурси во обработливо земјиште и да се сочуваат како природно богатство за идните генерации, а истовремено да се задоволи потребата од храна, мора максимално да се искористат постоечките земјоделски површини. 

ХРОМОС ПЕСТИЦИДИ воведува, развива и дистрибуира иновативни производи за заштита на растенијата и дава техничка поддршка на фармерите за да може да се доближат до растечките побарувања од квалитетна храна, а истовремено максимално да ја сочуваме безбедноста за луѓето и околината. 
 

Кои сме

ХРОМОС ПЕСТИЦИДИ е фирма чија основна дејност е средства за заштита на растенијата, семиња и ѓубрива. Основана е во 1993 година од г-дин Илија Догазански и оттогаш бележи динамичен развој. Производите на ХРОМОС ПЕСТИЦИДИ (во соработка со Belchim, Globachem, Probeltefito, Barclay, Nitrofarm, Ciech, ISK, INDIA, Sharda, Gursoy Tarim ) се присутни во целиот свет. Тестирани се во многубројни светски лаборатории, а позитивните резултати се потврдени во пракса во разни климатски зони, во оранжерии, пластеници и на отворено, се со цел да се добие оптимална апликативна доза и техника на апликација за секој производ, прилагодени кон локалните услови. 
 

Нашата визија

Стручниот тим на ХРОМОС ПЕСТИЦИДИ дава особено значење на контактот со фармерите и истиот, има долгорочна цел да го унапредува се повеќе. Само така ќе може ефа икасно да одговори на нивните потреби, а тоа во преносна смисла се потребите на растенијата за добивање на поголеми и поквалитетни приноси на здрава храна.

Со нашите иновативни решенија за заштита на растенијата, ние го поддржуваме осетливото земјоделство во целина, а со тоа допринесуваме и за заштита на околината и обезбедување на доволни производствени ресурси за идните генерации. ... затоа што станува збор за храна. 
 

Нашиот тим

Нашиот тим се состои од 20 вработени, од кои 10 агрономи целосно посветени да одговорат на барањата на фармерите на дневно ниво. 
 

Објекти 

Регистрирани во Скопје:
Ул. Даме Груев бр. 5/3, Скопје
Тел.:(02) 3113 292 Факс: (02) 3237 413

Главен  магацин во Скопје:
Ул. Даме Груев бр. 5/3, Скопје
Тел.:(02) 2722 610

5 средни магацини (Тетово, Ресен, Кавадарци, Гевгелија и Струмица)

Земјоделски аптеки во Струмица и Делчево

Контакт аптека Струмица:

Ул. 4-ти Јули бр.4
Тел.:(034) 320 768

Контакт аптека Делчево:

Седиште: Градско пазариште
Тел.:(033) 410 344